ПРЕСТОЛНИНИ НА ПИВСКАТА КУЛТУРА

БУДИМПЕШТА: ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА КОЈА НУДИ МНОГУ ПИВСКИ ИСКУСТВА

ОД НАШИОТ ДОПИСНИК ОД БУДИМПЕШТА: Будимпешта како и секој друг голем Европски град, има што да понуди кога е пивото во прашање. За кратко време на престој речиси и да е невозможно се да пробате и посетите, па затоа го ангажиравме нашиот пријател Ерол да ни ја изработи оваа пивска приказна.  Прочитај

БАМБЕРГ: „ШЕНКЕРЛА“ ТАВЕРНА КОЈА Е ПОД ЗАШТИТА НА UNESCO, И ПИВО КОЕ Е ПОД ЗАШТИТА НА SLOW FOOD

Шенкерла е историска пивара и таверна од Бамберг, која што е позната по нивното уникатно димено пиво Aecht Schlenkerla Rauchbier.Пиварата оперативна е уште од 1405 година кога работела во пабот Zum Blauen Löwen („Кај Синиот Лав“) а денешниот паб Шенкерла се наоѓа во зградата со Готска архитектура Dominikanerklause.  Прочитај

ЧЕШКА РЕПУБЛИКА – РОДНОТО МЕСТО НА ПИЛСНЕР ПИВСКИОТ СТИЛ, НО И ПОВЕЌЕ ОД ТОА

Самите Чеси велат – „кога ќе испиете едно наше пиво, тоа ќе ве натера да испиете уште едно, па уште едно“. Веројатно оваа изрека е и вистината за квалитетот и репутацијата на Чешките пива. Чесите имаат навистина долга традиција во производството на пиво, а освен тоа се и најголемите пивопијци во светот. Прочитај

АНГЛИЈА – ПИВОТО КАКО АЛТЕРНАТИВА НА ЧАЈОТ

Пивото е втора популарна дневна потреба за Англичаните после чајот. Англиското пиво не е толку познато како баварското или чешкото, но има свои уникатни традиции вкоренети со векови наназад. Во Англија на пазарот доминираат пивата произведени со горна ферментација – але пива.

Прочитај

БЕЛГИЈА- ПИВОТО, КУЛТУРА И НАЧИН НА ЖИВОТ

Да зборуваш за Белгија а да не помислиш на пиво, или пак да зборуваш за пиво, а да не помислиш на Белгија (ова секако се однесува само на оние вистинските познавачи на пивото). Но кога е во прашање пиварството во Европа, Германците и Чесите секако дека оставиле свој значителен белег во пиварската наука, а истиот најверојатно бил резултат на германската наклонетост кон работата и прецизноста, и чешкиот ладен и резервиран пристап кон проблемите.

Прочитај

СЛОВЕНИЈА: КАМНИК, ПРЕСТОЛНИНА НА МАЛИТЕ ПИВАРНИЦИ ИЛИ СЛОВЕНСКИОТ БАМБЕРГ

 MMC RTV SLO, Televizija Slovenija: Пиварниците соработуваат на пријателски начин. Во Словенија веќе може да се пофалат дека имаат многу голем и богат избор на врвни вина, а  од неодамна понудата на различни видови на пиво исто така стана интересна. А сето тоа се должи благодарение на појавата на малите пиварници. Само во Камник, едно мало градче во Словенија, пивото се произведува во 5 пиварници. a домашното пиво слободно се нуди и по локалните пабови и фестивали,  Прочитај