КАДЕ НА ПИВО?

ШТИП СЕ ВПИШУВА ВО МАПАТА НА ЗАНЕТЧИСКИ ПИВА СО ПИВАРАТА „СТАР КОНАК“

Имав слушнато уште од поодамна дека нешто се кува во градот под Исарот, но сеуште не знаев каде, кој, како и што. И ете по две годишна илегала на некој начин, момците од Стар Конак излегоа конечно во јавноста со проектот Крафт Пивара Стар Конак, прва во регионот а втора во Македонија од овој тип (со почит кон Крафт пиварата Темов од Скопје).

Прочитај

КАДЕ НА ПИВО: КРЧМА „ЖУТО КОМБЕ“, БАРДОВЦИ – ДОМАШНО ПИВО И ЛОКАЛНА КУЈНА

Шетајќи по разните балкански метрополи изминатиов период, посетив неколку гостилници каде што се вари пиво на лице место, со акцент секако и на локалната кујна. И веднаш си помислив и ми падна криво зошто да нема и кај нас некое такво место, да отидеш малку подалеку од градот, во локалните рурални скопски села, па и не мора се да е концентрирано само во Скопје, и напиеш домашно кафе, уживаш во локална кујна и секако најважно пробаш и некое домашно крафт пиво.

Прочитај

КАДЕ НА ПИВО: ПАБ БЛУ (PUB BLUE), КАВАДАРЦИ

Шетајќи во секој град низ нашата држава се обидувам да пронајдам места кои што се истакнуваат од останатите токму поради нивниот пристап на пивото. Пабовите во Македонија станаа популарни некаде од почетокот на новиот милениум.  Прочитај

КАДЕ НА ПИВО: ЗАГРЕБ, ХРВАТСКА -„МЛИНАРИЦА“, ПИВНИЦА И ПИВАРА

Слушајќи за ова култно место од некои мои пријатели од Загреб, на моето кратко патување низ Балканот, решив да ја посетам конечно и оваа мала семејна пивница и пивара, и тоа од неколку причини. Поради традиционалната добра кујна, поради пивото кое што го произведуваат на лице место и да го посетиме и нашиот другар Димитар Јовановски кој е главниот мајстор пивар. Прочитај

КАДЕ НА ПИВО: АНГЛИСКИ ПАБ „КОРНЕР“ – КРАТОВО

Англискиот паб “Corner” се наоѓа во непосредна близина на Хотел Кратис и истовремено е во најстрогиот центар на Кратово или на самиот агол на главната улица која води до самиот плоштад односно во Ајдучката чаршија.  Прочитај

КАДЕ НА ПИВО: WOODSTOCK CRAFT BEER AND ROCK BAR – СКОПЈЕ

Woodstock Craft Beer & Rock Bar е одлично место каде што може да се запознаете со богатата и разновидна чешка пивска сцена.Woodstock Craft Beer & Rock Bar е посветен на развивање на пивската и rock & roll култура во Македонија.

Прочитај

НОВО ОД ПИВСКАТА КУЌА „БИРАРИЈА“- ГЕРМАНСКО ТЕМНО ПЧЕНИЧНО ПИВО „Hasen-Bräu DUNKLER“: АВТЕНТИЧНО И ОРИГИНАЛНО ВИСТИНСКО ЗАДОВОЛСТВО

Пивската куќа „Бирарија“ која се наоѓа во самиот центар на Скопје (спроти хотелот „Холидеј Ин“) изненадува со внесување и збогатување на пивската карта со нови производи. Овој пат не израдуваа со едно ново германско темно пченично пиво по автентична и оригинална рецептура, пиво кое за прв пат може да се вкуси на овие простори, а директно од срцето на најпивскиот регион во светот Баварија. Прочитај