ШТИП СЕ ВПИШУВА ВО МАПАТА НА ЗАНЕТЧИСКИ ПИВА СО ПИВАРАТА „СТАР КОНАК“

Имав слушнато уште од поодамна дека нешто се кува во градот под Исарот, но сеуште не знаев каде, кој, како и што. И ете по две годишна илегала на некој начин, момците од Стар Конак излегоа конечно во јавноста со проектот Крафт Пивара Стар Конак, прва во регионот а втора во Македонија од овој тип (со почит кон Крафт пиварата Темов од Скопје).

Пиварата е лоцирана во стариот дел од градот, кој има богата историја и приказна, на локалитетот кој научниците го лоцираат античкиот град Астибо, на просторот од денешниот стар дел на градот Штип, на источните падини на ридот Исар и населбата Стар Конак. Во ова градско маало сеуште стои првата фурна каде што се произведувала познатата Штипска пастрмалија, дрвените буриња каде што се чувало виното од локалните сорти грозје, како и родната куќа на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров и многу други знаменитости.

Никола и Марко, сопствениците на Пиварата Стар Конак ги затекнавме во работна атмосфера, тоест во кување на нова тура пиво овој пат поинтензивно после неколкуте неуспешни обиди. После двегодишната борба со институциите конечно ги собираат сите дозволи и започнаа со работа со овој мал капацитет. Пиварата е со мал капацитет и се состои од 5 ферментори од по 240 литра произведени во Кочани, 100 литарски сад за укоминување на сладовината, варилници од 100 литри.

И најважното од се е дека имаат и локален бар Only Fools and Horses pub – bar & grill во непосредна близина во самиот центар на градот кој што е база каде што може да се проба нивното пиво само на точење.

За почеток настапија со еден стил на лагер пиво по нивни рецепт, лесно освежително пиво кое што изобилува со една мала блажина и неприметна слаба горчина. Како и да е секој на пазарот си настапува со својата приказна и визија и им посакуваме успех и кување на што подобри пива и постојано подобрување на вкусовите.

Марјан Костадиновски

ФБ фан страна: ПИВАРА СТАР КОНАК

Only Fools and Horses pub – bar & grill место каде што може да го пробате нивното пиво