ФРАНЦИЈА СТАНУВА ПРВАТА ЗЕМЈА ВО ЕУ ВО ОДНОС НА БРОЈОТ НА ПИВАРИ

Со Брегзит, Франција стана првата Европска земја по број на пивари според Brasseurs de France. Според Ројтерс, во Обединетото Кралство имаше 2100 пивари, Франција 2000, Германија 1500.

„Франција стана пивска земја“ , благодарение на брзото темпо на создавање на нови занаетчиски пивари, и пред се најмногу поради излегувањето на Обединетото Кралство од Европската Унија, Франција стана првата Европска држава во однос на бројот на пивари., пренесува Brasseurs de France.

Франција моментално има близу 2000 пивари, лоцирани речиси низ целата земја, и со „речиси повеќе од 6000 различни пивски брендови“.

На второто место во Европа е Германија со 1500 пивари, според Maxime Costilhes, директорот на Brasseurs de France.

80% СЕ МНОГУ МАЛИ ПИВАРИ

80% од нив се многу мали пиварници, и немаат никаква врска со Германија, во однос на големината и во однос на производството, Далеку се зад гигантите како Heineken или Kronenbourg, овие микропивари произведуваат помалку од 300 хектолитри годишно.

Билансот на сила потврден од Еуростат во 2018г само Германија во 2018 г произведе повеќе од 20% од вкупното производство на пиво во Европа, Франција околу 5%, според Европската Статистичка агенција.

Експанзијата на овие мали пивари е резултат на изминатите пет години, присутни речиси во секој дел од Франција, го поддржуваат значителното зголемување на потрошувачката. Французите во 2018 г во просек трошат околу 33 литри пиво.

„Потрошувачката не се намали, но и не се зголеми толку бргу како во Италија, објаснува г-дин Костилс, но и со малку доза на хумор тој додава: „Добрата вест е што тоа создава работни места, ние создаваме бизниси и нема влијание врз јавното здравство “

„Но, останува фактот дека симболично, Франција станува прва земја во Европската унија по број пивари, Франција станува и земја по број на пива“, додава тој.

Трендот се чини ќе трае малку подолго,. Постојат многу региони кои што немаат пивари воопшто. за разлика од една Германија, Велика Британија, Белгија, Холандија кои се традиционално земји на пивото имаат пивари во речиси сите региони“ – заклучува тој.

Од 11 до 13ти Септември во Париз се случува 4тото издание на Mondial de La Bière Paris.

на 19ти Октомври се одржува и Planete Biere со што се отвара вратата и за пивскиот туризам со посета на пивските фестивали и пиварници.

Само минатата година во тој поглед бележи милион туристи

Brasseurs de France е главната организација која што отвори и специјална веб страница за пивскиот туризам https://biere-tourisme.fr/ пребарувачка алатка за сите пиварници кои се отворени за јавноста и музеи.

На пример, областа Салерс во јужна Франција е позната по месото и и сирењето, но малку е познато дека во оваа област има 360 пиварници кои го имаат уникатниот амбиент со Националниот парк на вулканите во Оверњ Auvergne идејата е да се комбинира пешањето со дегустација на пиво и сирење.