ПРАЗНИЦИ: 3-ТИ АВГУСТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ПИВОТО

Интернационалниот ден на пивото е формиран од група на ентузијасти во 2008 г, како начин да се искаже благодарност кон пивото и производителите и го обедини светот под знамето на пивото. Од тогаш станува глобален настан со прослава која се одржува во десетици земји во светот.

Интернационалниот ден на пивото е глобален ден и празник на пивото, кој што се одржува по пабовите, пиварите, пивските градини па и во домашни услови низ целиот свет. Овој ден е на вистинските љубители на пивото кои што сите заедно наздравуваат со една чаша во чест на мајсторите на пивото, бармените и на вистински начин му оддаваат почит на овој древен пијалок.

НЕКОЛКУ ФАКТИ

Првата прослава се случила во Август 2008

Август месец е одбран поради летото и поради дистанцирањето од другите празници на пивото.

Се прославува во 200 града на глобално ниво.

ЦЕЛТА Е:

Да се соберат пријателите и уживаат во вкусот на пивото.

Да се одблежи трудот на сите мажи и жени кои се вклучени во процесот на производство и да се наздрави во нивна чест.

Да се зближи светот со славење на пивото од сите нации и култури, на овој извонреден ден.

Па затоа подигнете ја вашата чаша во чест на хероите кои стојат зад овој вкусен пијалок во кој уживаме секојдневно

Нека е среќен Интернационалниот ден на пивото.

линк: http://internationalbeerday.com/