ПИВСКИТЕ ФЕСТИВАЛИ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

Порталот Сакампиво.мк ги повикува читателите на максимална одговорност во почитувањето на држењето на дистанца,, редовно да се грижат за хигиената на чашите, и да се однесуваат одговорно и согласно препораките на здравствените работници.

Без ралика на тоа дека е укината вонредната состојба, препораките на докторите се да се избегнуваат гужви и да се држи дистанца помеѓу луѓето. Тоа практично значи дека денес не е паметно да се оди на места каде што масовно се собираат луѓе, односно посета на спортски натпревари, концерти, музички фестивали, но и секако тоа што нас не интересира пивските фестивали.

Во Македонија постои еден голем проблем што се нема доверба во официјаните извештаи на луѓето од струката, но доволно е да се погледнат соопштенијата на сериозните европски држави, а кои до збор им препорачуваат на своите граѓани да ги избегнуваат ризичните места по нивното здравје. Во согласност со тоа многу одговорни компании издадоа соопштенија, но и се однесуваат во согласност со тие соопштенија, и во својата агенда ги исфрлија ваквите настани за оваа година. Па така за следната година се одложени најавуваните фестивали на крафт пиво во Софија – Balkan Beer Dash, во Солун и некои во Србија.

ФАкт е и треба да се има на ум дека конзументите на крафт пиво се образовани луѓе кои работат во високотехнолошки компании или странски компании со развиена свест за одговорен начин на живот, а спаѓаат во групата од 25 до 35 години. и се многу свесни за моменталната глобална здравствена ситуација.

Треба добро да размислите сите дали е паметно денес да се организираат пивски фестивали, и доколку некој ги организира дали е паметно истите да се посетат, бидејќи од нив никој оваа година ќе нема никаква корист.

Порталот Сакам пиво.мк покажа висока одговорност и свест со одложувањето на настанот кој требаше да се случи во Март Пролетниот пивски салон 2020/1, но да бидеме оптимисти дека барем до крајот на годината ќе може да се организира Зимскиот Пивски Салон 2020/2, но се зависи од вас и вашата одговорност и свест. Затоа одлучивме дека е попаметно да ги одложиме настаните за оваа година за да не ги изложуваме на ризик учесниците т.е. излагачите, но и посетителите и на тој начин ја покажуваме нашата одговорност и не робуваме на материјалниот бенефит од ваквите настани.

Можеби ќе се организираат некои помали едукативни настани за помала група на луѓе, но и САКАМПИВО ДОМА или ДОМАШЕН ПИВСКИ САЛОН. Но, …

Од нас зависи!

Марјан КОСТАДИНОВСКИ

уредник на порталот САКАМПИВО.МК