ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО: ПИВАРИТЕ РАБОТАТ СО ПОЛНА ПАРЕА

…Имаат краток рок да испорачаат милиони литри пиво во пабовите кои се отвараат до крајот на јуни.

Столовите ќе мора да бидат оддалечени два метра еден од друг, за да се почитува правилото на социјална дистанца, но е одлучено на нив да нема бариери.

Производителите на пиво во Обединетото Кралство имаат барање да произведат 118 милиони литри пиво за британските пабови, во следните две недели, бидејќи постои надеж дека ќе може целосно да се отворат до крајот на јуни.

Како што пишува таблоидот Sun, првите тури би треабло да бидат доставени од 15ти јуни, но муштериите ќе мора да ги порачуваат од далечина, преку апликација, по наредба на владата.

Според претходните најави, пабовите и баровите би можеле да се отворат најдоцна до 4ти Јули. Но, Борис Џонсон, наведе дека тоа би можело да биде и до крајот на јуни. Многу фирми за производство на пиво, во меѓувреме се фокусирале на лименки и флаши, а пабовите по кои Кралството е познато морале да ги исфрлат силните и тешки буриња со пиво на кои им истекувал рокот.

Апликацијата за порачување на пиво во бар, исто така ќе создаде шанса повторно да се отворат и рестораните. Ќе функционира така што секој кој што ќе го посети ресторанот или локалот а има паметен уред, може да си порача пијалок или храна на својата маса.

Столиците ќе мора да бидат оддалечени најмалку два метра еден од друг, со што би се почитувало правилото на социјална дистанца,

извор . ТЕЛЕГРАФ бизнис