НОВО НА ПАЗАРОТ Weihenstephan – НАЈСТАРАТА АКТИВНА ПИВАРА ОД ГЕРМАНИЈА

Во пиварството многу пиварници гордо на своите етикети ја истакнуваат годината на своето прво производство и горди се на таа традиција. Но, верувале или не во светот сеуште постојат пивари кои активно работат илјадници години.

Една од тие со повремени прекини, но сега и со официјален увозник Premium Beers Macedonia, е повторно присутна на Македонскиот пазар на пиво.

Но, кога ќе погледнеме во официјалната листа на активни пивари во светот сите потекнуваат од средниот век, а од нив дури десетина се наоѓаат во Германија. три во Белгија и една во Австрија.

Само ќе ги наведеме кои се: Weltenburg Kloster Brauerei (1050.),  Hofbrauhaus Arolsen (1131.) Freiberger Brauhaus (1266.)  Bolten-Brauerei (1266.) Aldersbach (1268.) од Германија и Tongerlo (1133.) Grimbergen (1128.) Affligem (1074.) од Белгија и Hirter (1270.) од Австрија. Фокусот во овој текст е на Weihenstephan Brauerei  која што работи од 1040 година.

Се наоѓа недалеку од Минхен, а првиот спомен за пиварата и за тамошното варење на пиво потекнува од манастирот кој се наоѓа во негова непосредна близина, кој датира уште од 768 г свети Стјепан. Но дури во 1040 г го добила официјалниот документ за почеток на производство и продажба во околината на манастирот.

Некогашниот бенедиктински манастир Weihenstephan, денес се наоѓа на една зелена ливада и од поодамна е под контрола на градот Минхен. Историјата на некогаш ова свето место не враќа во 725 година, кога според преданијата на бискупот Корбиниан ( постои и пиво со неговото име) овде го заковал стапот во земјата од која што протекла вода. Неколку столетија подоцна, во 1040 година на жителите на бенедиктанскиот манастир овој извор им даде една идеја, која и до денешен ден им носи приход. Тоа е почетокот на приказната за пиварата Weihenstephan.

Во текот на вековите пиварата минувала низ бурни периоди, па така во 1803 г манастирот бил укинат, и пиварата преминува во сопственост на баварската држава. Така е и до денешен ден, но и се смета за најмодерна пивара во светот.

Во 1852 година, овде се вселува средното земјоделско училиште, а со него доаѓа и Баварската школа за пиварство, и од 1930 г е во состав на Минхенскиот Технички Универзитет. Weihenstephan така го разви и светски познатиот центар за технологијата за производство на пиво.

Единствениот спој на традицијата и современата наука и го даваат на оваа пивара неспоредливиот идентитет, а нивните пива се со врвен квалитет.

Годишно во пиварата се произведвуаат 32000 хектолитри пиво и повеќето од половината оди за извоз а производствениот програм е следниот:

 Hefeweißbier Hefeweißbier dunkel Kristallweißbier  OriginalOriginal alkoholfreiTraditionPilsnerKorbinianFestbierVitus

оФИЦИЈАЛНА СТРАНА:

УВОЗНИК ЗА МАКЕДОНИЈА: ПРЕМИУМ ПИВА МАКЕДОНИЈА

Kaj нас се застапени следните брендови:

Weihenstephaner Vitus

Weihenstephaner Vitus е силно, светло пченично пиво, со зачински ноти, и кремаста пена заситено со фин квасец. Витус се смета за специјалитет на пиварата чиј карактер се засновува на долго одлежување на пивото. Овошен мирис, нота на банана, полно тело одлично се спарува со некое месо, силни сирења, но совршено одговара и со одредени десерти.

Карактеристики на пивото: стакло  0,50l, алкохол 7,7%, IBU: 17 Стилl: Weizenbock.



Weihenstephaner Hefeweissbier Dunkel

Дункелот е темно пченично пиво со импресивен изглед и со своја кремаста бела пена. Полно тело, освежителни ноти, и банани кои се совршено во склад со вкусот на пржениот слад, лесната нота на карамела. Совршено е со богати јадења со месо, дивеч, но исто така и со десерти на база на чоколадо.

КАРАКТЕРИСТИКИ: 500МЛ. АЛК 5,3% IBU: 14 СТИЛ Dunkelweizen


Weihenstephaner Hefeweissbier

Светло пченично пиво со фина бела кремаста пена, импресионира со својата освежителна арома. Одлично одговара со риба и морски плодови, пикантни сирења, познатите баварски колбаси,

КАРАКТЕРИСТИКИ: 500МЛ АЛКОХОЛ. 5,4% IBU: 14 СТИЛ Hefeweizen