НОВО НА ПАЗАРОТ: Brewery: The Musketeers БЕЛГИЈА

The Musketeers Brewery е основана во 1999 година 4 ца инжинери и мајстори на пивото. За секој кој влегол во овој бизнис, пивото е хоби и пасија, па така и за нив, и одлучиле да ја крстат пиварата според делото на Александар Дима „Тројцата мускетари“ и покрај тоа што се четворица.

Нивното прво пиво било направено во домашната кујна на еден од сопствениците. 21 година подоцна, двајца од основачите Stefaan Soetemans и Kristof De Roo сеуште се на кормилото на пиварата.

Пиварата во своето портфолио има три различни пивски серии. првата серија се пивата Troubadour. Troubadour Blond е е најстариот член во семејството и редовно е на листата уште од 1999 г. Првото пиво на пиварата беше блонд пиво со 8,5% алкохол и веднаш стана хит и бргу прифатено и основа за да се прошири серијата на семејството Трубадур. Две години подоцна светлината на денот ја здогледа и нивниот темен брат Troubadour Obscura, а во 2010 г од пиварата го лансираа и третото пиво од овој серијал Troubadour Magma Белгиски стил на ИПА the Belgian triple IPA. Магмата стана едно од најуспешните пива на пиварата која што освои 10тина различни награди на разни светски натпревари за оценување на пивото.

Од каде доаѓа името на овој серијал? Гледајќи го логото на пивото впечатлива е латинската фраза “Cerevisia et Musica Laetificant Cor Hominis,” која што во превод значи „Пивото и музиката го радуваат човечкото срце“ Целата поента на оваа пивска серија е да им донесе среќа и радост на луѓето како што тоа го правеле трубадурите во Средниот век.

Втората линија на пивата е серијалот Белгиските Легенди која што беше лансирана пред неколку години. Во моментов има две пива од таа серија Antigoon и Jack’s IPA.

Антигонот се базира на Легендата од Антверпен за суровиот џин, Антигон и сиромашните морнари. На оние кои што не плаќаа, не им беше дозволено да го преминат каналот на реката Шелде, се додека џинот не беше убиен од војникот Брабо кој што му ја отсече раката на џинот и го фрли во реката.

Второто пиво е базирано според приказната за Џек Азискиот слон. Во 1904 година, зоолошката градина во Гент мораше да се затвори и Џек беше продаден на еден трговец кој потоа се обидел да го продаде во Лондон, но планот не му успеал и така слонот завршил во Холандска фабрика за колбаси. Дали е вистина или не дека Џек навистина завршил во колбаси сеуште останува нејасно. Но, она што е јасно е тоа дека оваа приказна инспирира различни теми за дискусија со децении. И токму тоа се случува и со пивото кое што е горчливо Индиа Пале Але стил на пиво кое што токму тоа има за цел да ве натера да разговарате за пивото.

Последната серија е со ограничено издание „Bucket List“ или листа на желби (можеби и ќе ве асоцира на еден филм на Џек Николсон). Во моментов во оваа серија има шест пива кои што почнаа со производство пред две години. Пред да ја формираат оваа серија имаа 60 различни пива од различни пивски стилови. Секако невозможно е постојано да ги имате на располагање сите пива, па затоа се одлучија да произведуваат по 3 различни стилови секоја година, кои што ќе бидат достапни на пазарот се додека не се потрошат. Имињата на оваа серија доаѓаат случајно од луѓе кои го објавуваат нивниот Список на желби (или работи кои што сакаат да ги прават до крајот на животот) на Интернет.

„PARTY ON A JAMAICAN BEACH“ на пример е NEIPA пивски стил е второто пиво од серијалот од 2019г додека „SEE THE NORTHERN LIGHTS“ е белгиски стил Grand Cru, е последно од серијалот од 2019 г.  “Grand Cru” е термин кој што се користи првенствено кај производителите на вино со врвен квалитет, честопати поради подолгото време на созревање. Во пивскиот свет овој термин се толкува многу пошироко. Самото пиво е со 10,2% алкохол и малку зачинето со карамелизирани и овошни ароми.

Самата пивара има приказна со богато минато. Старото градилиште го претворија во пивара, со сопствена пивница со голема тераса, каде што може да уживате во сите пива кои што ги имаат на располагање со специјалитетие од регионалните јадења.

Објектот беше реновиран, дел од старите градби беа сочувани и реставрирани. Новата сала за производство може да произведе 60 хектолитри од една серија, што е еквивалентно на 24000чаши од пивото Трубадур. Комплетно автоматската машина за полнење обработува 6000 шишиња на час, Во моментов произведува 8000 хектолитри годишно.

Овозможена е и посета на пиварата која што обиколка трае 45 минути, и после обиколката ви следува една дегустација на свежи пива директно од пиварата.Цените се движат од 10 евра посета на пивара со дегустација на едно пиво до 18 евра со 3 пива.

пивата може да ги купите од официјалниот увозник за Македонија Пиводром специјализираната продавница за пиво, опрема и суровини за производство на пиво

Pivodrom.mk

Mарјан КОСТАДИНОВСКИ