НОВО НА ПАЗАРОТ: ПРОНАЈДЕТЕ ГО И ПРОБАЈТЕ ГО СВОЈОТ ПЕТТИ ЕЛЕМЕНТ – КРАФТ ПИВАРА 5 ЕЛЕМЕНТ, ХРВАТСКА

Ако постои град во Хрватска кој е вистински синоним за зборот „пиво“, тогаш тоа е градот Дарувар. Тамошната Даруварска пивара е најстара во Хрватска, и основана е во 1840 година, со парите од гроф Јанковиќ, не толку поради чешката заедница, колку поради потребата за освежување на сопственото население, за да преку овие речиси 180 години неколку пати ги менувала сопствениците за да денес се наоѓа во сопствеништво на групацијата Куфнер.

Секој вистински пивољубител од Хрватска го знае Старочешко пиво, а станува збор за бренд кој традицијата ја носи и до ден денешен. Но, од пред неколку години се одлучија за една нова амбиција и желба да се направи нешто ново и поинакво. И така се роди првото Pale Ale Пиво под брендот 5 Елемент. Тој пивски стил е логичен почеток за секоја амбициозна пивара, и сериозен премин од традиционалниот лагер, кон едно ново искуство.

Пивото 5 Елемент е производ на Даруварска пивара, и во своето портфолио ги имаат следниве пивски стилови American Blond Ale, стил кој што е всушност некоја транзиција од просечното пиво кон пиво со поинтензивни вкусови, карактеристични за занаетчиското пиво, создадено токму од американските мајстори пивари. Како што и кажува самото име, пивото е со златно жолта боја, значи „blonde“, со вообичаен процент на алкохол од 5,3%. Просечниот конзумент кој се определил да смени нешто во личниот вкус и постигне напредок од секојдневниот лагер кон нешто ново и поинтересно сепак нема да ја почувстува многу оваа разлика и би го прифатил ова пиво. Нефилтрирано, непастеризирано пиво со со доволно горчина и доволно тело, со што е постигнат еден солиден баланс.

А приказната за ABA е слична како и во филмот Петтиот Елемент. И овде станува збор за вода, огин, земја, воздух, па потоа и љубов (кон пивото, како што и пишува на етикетата). Амбалажата е во старинска форма, со долг врат,

како што наведуваат и на нивниот веб сајт, ова пиво не ја следи модата на останатите крафт пива во смисла на жестоко, интензивно хмељење и силни ароми. Затоа е и одбран стилот блонд, кој и терминолошки треба да асоцира на поблага, полесна варијанта на американското але.

Потоа следуваат IIPA Imperial IPA, со нагласена смоласта, цитрусна арома типична за американските сорти на хмељ, слатка карамелизирана арома, и алкохол избалансиран со почетната горчина. И покрај 7,5% алкохол пивото е доста питко. Матно портокалова боја со стабилна пена,

За љубителите на традиционалниот пилснер го препорачуваме пивото BONNER кое што е пилснер пиво Бохемиски стил, Bohemian pilsner, златно жолта боја, стабилна пена, сладок вкус и пријатна горчина. Содржи 4,25 алкохол.

5 ЕLEMENT STOUT – нагласена арома на кафе и црно чоколадо, хербална арома со засилена горичина н ахмељ. Питко црно пиво и покрај високите 7,5% алкохол.

5th Element Gerweiss – традиционално пченично пиво со препознатливата банана арома од квасецот, блага горчина на хмељ, полно тело карактеристично за Германскиот стил на пченично пива. Содржи 4,5% алкохол.

5th Element LELA интересна комбинација на лагер и але пиво со 4,5%алкохол.

5th Element Voodoo е Стаут стил на пиво со 7,5% алкохол и малку зачини во аромите.

На RateBeer е со средна оценка од 3,4 поени од можни 5, како и останатите пива од Даруварска пивара се движат во тој ранг, што е сосема солидно.

И по правило кога купувате или конзумирате некое ново пиво не се споредува со ниту едно друго од нашиот пазар или општо туку се концентрирате на самото пиво дали ги задоволува вашите критериуми за вкус.

Пивата ги увезува продавницата за пиво и суровини ПИВОДРОМ.