НА ПИВО СО: КАРЕЛ РОЕЛ ПИВАРА „БЕЛ ШТРК“ – БУГАРИЈА: КРЕАТИВНОСТА ОДИ РАКА ПОД РАКА СО ЗАНАЕТЧИСКОТО ПИВО

Во моментов Бугарија ја доживува вистинската крафт пивска револуција, ако го изземеме периодот на светската пандемија со коронавирусот, денес постојат неколку крафт пивари кои се добро етаблирани на пазарот, се организираат неколку настани не само во Софија, туку и низ цела Бугарија, специјализирани продавници за пиво (не само во Софија туку и низ цела Бугарија) и е добро развиена сцената на домашното пиварство со тоа што веќе се организира седмата година на натпреварите за домашните пиварци).

Мило Роел е од Холандија и активен е речиси од самите почетоци кога почна да се развива сцената. „Бел Штрк“ е џипси бривинг пивара, и нивните пива преку официјалниот увозник „Пиводром“ веќе се присутни и на нашиот пазар. Прв пат се запознавме на 4-тото издание на Бугарскиот национален конкурс за домашно пиво и по долги преговори и разговори ви го пренесуваме дел од муабетот со него.

Во моментов Бугарија ја доживува својата сопствена локална пивска револуција. Започна некаде околу 2010 година од домашните производители на пиво низ целата земја кои што беа алтернатива на регуларните лагер пива со кој беше преплавен пазарот на пиво во Бугарија во тоа време и имаше најголем избор на такви пива. Вие сте речиси присутни во овој дел од Балканот од самиот почеток на револуцијата, Ве молам претставете се на нашата публика како се одлучувте за вашиот пат до Софија.

Започнавме во 2013 година по тривијалната состојба помеѓу „Пивоварна 359“, „Ах!“ и „Бел Штрк“. Од тројца домашни производители на пиво (homebrewer), се родија 3 пивари – многу Бугарска ситуација. Ние бевме само први кои што го рекламиравме и комерцијализиравме нашето пиво. Дојдов повеќе од винската индустрија, видов дека по неуспешниот гроздобер подобра иднина видов во занаетчиското пиво во Бугарија и ја сменив технологијата за ферментирање!

Работевте во Холандија во Де Молен, еден оригинален концепт на пивара со бар, и го пренесовте тоа искуство и во Софија со новиот бар „Република Бел Штрк“. раскажете ни нешто за овој концепт на бар избор на пиво, избор на музика избор на храна

Не, туку ние започнавме да го правиме пивото во една пиварница во Белгија, како џипси бривинг (изнајмена пивара), а само во 2016 година соработувавме партнерски со Де Молен, затоа што моравме да учиме пред да влеземе во игра со возрасните и поискусните , и не бевме подготвени да правиме пиво со нив претходно. Нашиот концепт е да имаме основни пива, и неколку колаборации со наши пријатели. Минатата година направивме tap room пивница со 20 пива на точење во нашиот клуб „White Stork Republic“ каде што се гледаме како независни со клубот кој што го нарековме KONCEPT SPACE каде што има простор за концерти, да пиете пиво и да танцувате и да го доживеете тоа подземно индустриско искуство. Во нашата околина има доволно ресторани во целиот комплекс, така да немаме потреба од храна!

Околу концептот на пиварата сте со мал капацитет, користите локални состојки или сте зависни од увоз на суровини?

Ќе продолжиме да бидеме џипси бривинг ориентирана пивара, бидејќи нема некоја економска смисла во Бугарија, бидејќи морам да се занимавам со Бугарската Царина (митница), и се трудам да ја сведам работата и активностите на што помалку стресни ситуации. Користиме локални состојки и во повеќето од нашите пива ја користиме Бугарската лимета, и други локални состојки како Lactobacillus Bulgaricus или лутите пиперки. Интересно, за време на карантинот направивме три пилснери во Бугарија, и поради причините од квалитет 95% од суровините се увоз (сладот и хмељот) што е навистина жално.

Постојано експериментирате со стилови, која е причината за тоа? Се сеќавам на првите години кога се појави „Бел Штрк“, пробав една со чили лута пиперка. Какви експерименти си направил досега и како беа прифатени таму?

Лутото чили беше Стаут пиво и имаше голем успех, го нарековме „темната страна“, и да креативноста оди рака под рака со занаетчиското пиво. Да се прави цело време традиционално пиво е досадно и подобро оставете го тоа на навистина добрите традиционални пивари од Германија и Белгија, кои што го прават тоа со векови. Одлучивме дека подобро е да се забавуваме како што тоа го направивме со пивото Escape – NEIPA со Кокос, која што ја направивме во Темишвар Романија со пиварата „Берета“, потоа Supersonic со кокос и лимета, NEPA со Hop Hooligans, или „Take me Somewhere Nice,“ која што е Кисела ИПА (Sour IPA) со тропски овошја со пиварата Horizont во Будимпешта. А и ова лето очекуваме доста работа. Исто така направивме диво але пиво со лимони, ананас ѓумбир и хабанерос (една многу лута пиперка) но тоа е само за искусните познавачи дегустатори.

Гледајќи ги имињата на брендовите на твоите пива можам да забележам дека се инспирирани од одредени песни од бендови како The Cure. Happy Mondays,  колку музиката ти е инспирација, и имаш ли некој омилен музички правец.

Да, многу сум инспириран од музиката од 70тите до 90тите години целата таа сцена. Го чувствувам крафт пивото како панк движењето со кое што пораснав со принципот Направи сам. Експериментирај постојано и ќе си го пронајдеш својот пат. И конечно имињата на пивата се инспирирани од следниве песни:
MOGWAI – TAKE ME SOMEWHERE NICE

OASIS – SUPERSONIC

Дали учествувате на интернационални пивски натпревари? Ако да кои, ако не зошто?

Не, не учествуваме, но партиципираме на Крафт пивски фестивали каде што имаме директен контакт со нашите директни конзументи – а не на досадните судии кои се под влијание на постојани правила и прописи. Гледаш Punk is not DEAD!

И конечно после долгогодишни преговори и барање за официјален увозник за Македонија, конечно твоите пива се достапни на нашиот пазар. Што би им препорачал на нашите конзументи од кое пиво да започнат и што има во моменталната понуда?

Ах – тешко прашање! Мислам дека вкусот е лична работа и не би сакал да бидам личен судија, но лично во топлите жешки денови би почнал со Бугарските пилснер пива Just a Pilsner, Hop Along и Into The Galaxy. Тие се лесни и освежителни. Ако сакате да сте среќни после долгиот и напорен работен ден, префрлете се на Kinky Afro и Original, тоа се различни животни кои што одат заедно и се добри репрезенти на крафт пивото. Cosmic Derbis е добар пример на ИПА од Западната Обала, West Coast IPA со многу карамел и хмељ. Tropikalia е тешко да се објасни на една млада нација на крафт пивото, тоа е троен хибрид на Милкшејк, НЕИПА и чудниот цвет Хибискус. Тоа може да го пиете како десерт. Оригиналното име требаше да биде ‘Strawberry Cheesecake“ но хибискусот е чудна состојка и тоа си повлекува многу работи.

Дали овие промени со различниот концепт на лагер пивото се направени поради маркетиншкиот тренд, бидејќи лагер пивото е предоминантно на овој пазар

Да – иако е потребно подолго време за да се направи, поевтино е да се произведе, и е основен модел и чекор за другите стилови на крафт пива. после овие Пилснер пива „за народот“, сакаме да направиме различни варијации на Pale Ales, IPAs NEIPA и Стаут и конечно мојот сон за киселите пива иил Sour ale.

Конечно, што се случува со De Molen во моментов?
Значи тројцата партнери на de Molen го продадоа мнозинскиот дел на еден голем производител на лагер пива NL (BAVARIA) и како што знаеш јас преферирам пиварите да бидат независни а не да се поврзани со некое макро пиво. Претпоставувам дека веќе го има одговорот.

Лично, кој е твојот омилен пивски стил?

Тоа тие како кога ме праша за музиката :)), но ти кажав сакам – SOURS! (направивме до сега 3 ламбички стила кои што ќе се пуштат наскоро) но посубтилни, не како Белгиските стилови. Тоа е можеби поради мојот вински бекграунд. исто така сакам добар пилснер во жешките денови и хмељен Pale Ale или IPA како аперитив или Stouts во зимата.

Марјан КОСТАДИНОВСКИ