ВО АВСТРАЛИЈА ПОЧНАА ДА ПРОДАВААТ ЧАЈ СО ВКУС НА ПИВО

Секоја серија на чај се состои од хмељ и црн цејлонски чај, кој потсетува на вкусот на австралиското пиво, но е без алкохол

Австралиската пивска компанија Victoria Bitter лансира кесички чај со вкус на пиво. Како што наведуваат од пиварата, чајот е безалкохолен, и затоа може безбедно да го пиете и за време на вашиот појадок.

Чајот беше пуштен во продажба од понеделникот, и како што велат не само што личи на пиво туку и има мирис на пиво. Купувачите беа многу заинтересирани за овој нов производ, и првите количини беа веќе распродадени.

Victoria Bitter во соопштението наведува дека чајот бил пуштен специјално пред турнирот за крикет, каде што тимовите на Велика Британија и Австралија ќе се соочат во август.

Потенцираат дека чајот може да се служи со или без млеко. Но може да се купи за 10 долари и тоа само во Австралија.

DAILY MAIL