БРИСЕЛСКИТЕ ПИВАРИ ГО ПРЕТВОРИЈА СТАРОТО ПИВО ВО УНИКАТНИ ДЕСТИЛАТИ

Четири пивари од Брисел започнаа со нов проект, за кој се надеваат дека ќе покаже дека производството на пиво може да биде без отпад.

Пијалокот кој се нарекува Smells like Brussels Spirit е направен со 1000 литри пиво за Бриселските кафулиња кои беа затворени за време на пандемијата и периодот на самоизолација, и затоа останале непродадени.

На 13ти Март Белгискиот премиер Софи Вилмс одлучи да ги затвори сите барови со цел да го спречи ширењето на вирусот. Истите почнаа да работат од 8ми Јуни, но со строги пост-карантински правила.

За да ја преживеат кризата, пиварите од целата земја беа принудени да се прилагодат на новата реалност, многумина ја лансираа својата онлајн продажба, и активно соработуваа едни со други за да опстојат.

Соработката помеѓу Brussels Beer Project En Stoemelings, La Source и No Science резултираше со проектот the Smells like Brussels Spirit .

-Секоја пивара ги проверуваше своите залихи и ги селектираше оние буриња на кои им истекуваше рокот, кои во други околности би се исфрлиле. Рокот на пивото во бурињата е многу пократок за разлика од шишињата, објасни Себастијан Морван, ко-основач на Brussels Beer Project во интервјуто за Брисел Тајмс. Целта на проектот беше да се создаде пијалок кој подеднакво би се состоел од производите на неколкуте пивари кои учествуваа.

Крајниот резузлтат е крстопат помеѓу џин и Белгиското овошно бренди За вкус на пијалокот додадоа и пиперка. и цвет од ирис, кој што го има на грбот од градот Брисел. Пијалокот го има во пиварниците како и во некои барови во елитната населба во Брисел.