БЕЛГИЈА: „Helpy Hour“ КАМПАЊА ОД БЕЛГИСКИТЕ БАРОВИ И РЕСТОРАНИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Откако беа затворени два месеци поради новата пандемија од коронавирусот, баровите и рестораните во Белгија се подготвуваат повторно да ги отворат своите врати, но со изненадување за нивните гости.

“Helpy Hour” наместо “Happy Hour” е името на новата генијална кампања на Федерацијата на Бегиските барови и ресторани за заживување на дејноста на овој сектор и поддршка поради тоа што беа затворени изминатиов период.

КУПИШ ЕДНО ДОБИВАШ ДВЕ

Како што известуваат локалните медиуми, оваа кампања ги повикува љубителите на пивото, да за цената на едно пиво добијат две. Оваа промоција има за цел да им помогне на овие познати пивници и барови низ цела Белгија да ги вратат во живот.

„Сега кога решетките полека се отвараат, откако беа во карантин два месеца, време е да ја вратиме довербата кај нашите клиенти и добиеме нивната поддршка“. изјавија од Федерацијата по повод нивната нова кампања.

БЕЗБЕДНОСТА ПРЕД СЕ …

Владата во оваа земја, прецизира дека баровите и рестораните во Белгија ќе може повторно да ги отворат своите врати но под строги безбедносни мерки и правила, со маси одделени најмалку 1,5 метри една од друга и максимум 10 лица на маса.

Покрај растојанието и бројот на луѓе кои може да седат на една маса, Белгиските здравствени органи посочија дека келнерите мора да носат маски и да ги земат во предвид потребните безбедносни препораки и мерки.

„Тоа е привремена мерка која што ќе помогне да се спречи бранот на банкротирањето и веднаш кога животот ќе се врати во нормала, клиентите ќе бидат задоволни бидејќи ќе им се вратат нивните „Happy Hours“. изјави Diane Delen од Федерацијата.

Според Федерацијата, половината од 12000 те барови и кантини во Белгија може да не ја преживеат кризата од коронавирусот.

извор: beermagazine.net